Денес, вработените во Ј.П ,,Камена Река” активно работеа на изгледот, естетско-декоративната и спортската функција на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Стадионот се подготвува за новата натпреварувачка сезона на ФК „Каменица Саса“ во Третата македонска фудбалска лига. Создавањето подобри услови за каменичките фудбалери треба да биде дополнителен мотив за подобар пласман и обезбедување што е можно повисоко место на третолигашката табела.
Од Ј.П „Камена Река“ најавија дека во текот на целата натпреварувачка сезона ќе го потпомагаат функционирањето на локалниот фудбалски клуб и дека очекуваат подобри резултати од минатогодишните.