Како изгледаат традиционалните венчаници низ светот

Денешните класични венчаници станаа полпуларни дури во 19. век благодарение на кралицата Викторија. Таа беше првата жена во историјата која облече бела долга венчаница на својата свадба. Пред ова да се случи жените често ги одбираа традиционалните венчаници кои се препознатливи и различни во секоја култура.

post cover photo

Но во некои култури и земји, посебно во Азија и Африка, младите сè уште ги претпочитаат традиционалните венчаници. Погледнете како изгледаат невестата и младоженецот во различни култури ширум светот.

Јапонија

Во Јапонија невестите носат неколку фустани за време на свадбата меѓу кои мора да има еден бел и еден црвен.

Гана

Костимите за венчавка во Гана се многу шарени. Ретко можете да сретнете еден ист костум поради многуте шари и различните дизајни. Исто така, секое семејство во Гана има свои посебени бои.

Романија

Во денешно време младите во Романија го претпочитаат модериот тренд, но во руралните области сè уште може да се видат традиционалните костуми. Иако Романија не е голема земја, сепак секој регион има посебни обичаи за венчавка.

Лапонија

Традиционалните костуми за венчавка на Лапонците можат да ви откријат многу за нивните сопственици. На пример, коцкасти копчиња значат дека човекот кој го носи е оженет, додека пак луѓето кои не се оженети носат ремчиња со округли копчиња.

Шри Ланка

Обично невестата е онаа која е главна на денот на венчавката, но верувајте доколку се најдете на свадба во Шри Ланка тогаш нема да можете да го тргнете погледот од младоженецот. Само погледнете го неговиот костум!

Индија

Традиционалната венчаница во Индија мора да е розева или црвена. Во северните делови на земјата омажените жени традиционално носат црвена точка на челото.

Шкотска

Во Шкотска младоженецот често го носи килтот на неговиот клан. По церемонијата тој става шал со боите на кланот на рамениците на неговата жена што го симболизира нејзиниот пристап во новото семејство.

Пакистан

Иако Пакистан е земја со исламска вера, нивните традиции се многу слични на Индиските. Најпознати обичаи се цртањето различни дизајни со ‘кна по рацете на невестата и носењето црвен невестински фустан.

Индонезија

Свадбите во Индонезија се многу различни од остров до остров. Со повеќе од 300 етнички групи и 6 главни религии, оваа релативно мала земја е крстопат на многу култури и цивилизации.

Кина

Традиционалната боја на венчаница во Кина е црвена затоа што белата боја го симболизира тажењето и жалењето по умрените.

Хаваи

На Хаваите покрај невестата и младоженецот носи бело. Девојките секогаш ја китат косата со венчиња од свежи цвеќиња.

Малезија

Овде венчавките се одржуваат строго по муслимански обичаи. Девојките бираат целосно затворен фустан во виолетова или беж боја.

Јужна Кореја

Според старата традиција во Јужна Кореа мажот ја носи својата жена на грб од маса на маса. Ова симболизира дека таа секогаш ќе може да се потпре и да му верува.

Норвешка

Во Норвешка традиционалната облека се вика бунад, која се носи за свадби но и за крштевки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *