Како да нарачате кафе како вистински Италијанци?

Подготвувањето на кафето и уживањето во него е начин на живот за Италијанците, а навиките се разликуваат од еден до друг регион на Италија.

Во 20-те региони и повеќе од 8.000 гратчиња расфрлани по целата „чизма“, има бројни разлики во начинот на кој се подготвува и пие еден од омилените напитоци во светот.

Кафето во Венеција е со полн вкус и ароматично, со нота на ориентален мирис на ванила.  Во Милано е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигурија е посилно.

Ако некогаш патувате во Трст и сакате да се напиете еспресо во кафуле, магичниот збор е „неро“, а „капо“ е макијато, односно еспресо со малку пенливо млеко.

Марокиното што се пие во Милано е карактеристично по тоа што се додава и какао во еспресото со млеко. Во Торино се вика „бицерин“, а во Апулија нарачајте „еспресино“.

Во Наполи многу се цени еспресото, а обожаваат кога го нарачувате кратко и јако.

За да нарачате кафе како Италијанците треба да имате на ум дека кафето со млеко, како каучино, кафе лате или макијато, е реервирано за наутро, а ако ги нарачате попладне може да ве погледнат со потсмев. Исто така, овие кафиња не се пијат со оброкот, туку по јадењето.

Италијанците во еспресото уживаат брзо, многу често „од нога“, а ако сакате да седнете на кафе ќе платите значително повеќе.

Кратко еспресо е „ристрето“, а „лунго“ или „американо“ е долго еспресо. Сепак, американо во Италија не е толку благо како американското и има значително помалку вода во однос на количината кафе.

За да си дојдете на себе по долга, бурна ноќ, нарачајте „допио“ односно дупло еспресо.

Лате макијато е млеко во кое се додава еспресо, а за подготовка е користат исти состојки како за кафе лате, само што се разликуваат на изглед. Лате макијато треба да се лужи во висока чаша и јасно да се забележуваат различните слоеви на кафето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *