Како да го промовирате вашиот бренд на социјалните медиуми

Кои ќе бидат Social media трендовите за 2018 година?

Многу мали компании имаат потреба од маркетинг на социјални медиуми и од промоција на производите и услугите кои ги нудат. Најчесто се случува да не знаат како да го прават тоа и се во ситуација да ангажираат професионалци кои ќе ги реализираат нивните маркетинг кампањи. Но, овде се појавува нов проблем. Маркетинг компаниите обично се прескапи за малите фирми , а и според логиката на работите најдобра опција е да се обучат и ангажираат луѓе од внатре.

Ова се неколку од работите кои треба да ги знаат вработените во областа на social media marketing, а кои ќе бидат актуелни во 2018 година:

  1. Стратезите во фејсбук пресметале дека просечен интернет корисник дневно скрола околу 90 метри дигитална содржина. Најголем дел од содржините кои се читаат се од забавен карактер. Фејсбук корисниците имаат се помалку трпение да читаат долги содржини и се послабо им влегуваат во очи содржини кои не се впечатливи на прв поглед. Од тие причини, 70% од Вашите содржини треба да бидат кратки, јасни и лесни за конзумирање. Само вака може да ги заинтересирате интернет корисниците за Вашиот бренд. 20% од содржините треба да бидат интерактивни и со пораки кои привлекуваат внимание, а 10% треба да бидат висококвалитетни содржини и да бидат наменети за оние кои бараат подетални информации. Евидентно е дека многу мал дел од фејсбук корисниците се Ваши потенцијални клиенти, а доминантен формат на социјалните медиуми и во 2018 година ќе бидат видео содржините. Вашите ресурси насочете ги кон подготовка на квалитетни видеа.
  1. Доколку некој веќе за загрижил за иднината на фејсбук, нема потреба од тоа. И во 2018 година фејсбук ќе расте и ќе биде посилен од било кога. Ваше е само да работите на квалитетот на содржините и правилно таргетирање на Вашиот Идеален потрошувач.
  2. Особено значајно е да создадете лојални потрошувачи и континуирано да ја подобрувате комуникацијата со нив. Пораките преку messenger се идеални за секој мал бренд. Бидете достапни во секое време и во постојана комуникација со потрошувачите, односно клиентите.
  3. Воопшто нема потреба да плаќате за stock фотографии бидејќи нивната употреба во котинуитет ќе се смалува. Автентични фотографии, локални содржини, често и со недостатоците кои вистински ги имате подобро ќе поминат кај публиката. Интернет корисниците сакаат да се поврзат и да се поистоветат со реални брендови.
  4. Користете инфлуенсери! Луѓето кои се влијателни на социјалните медиуми можат да ви помогнат за промоција на Вашиот бренд. Се што треба да знаете е дека треба да им оставите потполна слобода во креирањето на содржините.
  5. Квалитетот на содржините има предност пред квантитетот на објавите. И таа предност е огромна. Нема потреба да ги малтретирате корисниците на социјалните медиуми со десетици објави. Доволно е една-две објави дневно. Мора да знаете и дека органскиот досег на Вашите постови на фејсбук се намалува и затоа мора дополнително да вложите средства за промоција. Сепак, бројот на лајкови не ги продава Вашите производи и заради тоа мора правилно да таргетирате за имате успех.
  6. Инстаграм е многу популарен. Користете го! Вашите фотографии на инстаграм може да придонесат за Ваша промоција. Insta Story-то е актуелно и така ќе биде и во 2018 година. Истата оваа опција ја нуди и фејсбук, но не е актуелна како на инстаграм.
  7. Користете твитер! Вашите содржини на твитер треба да бидат многу креативни, интересни и актуелни за постигнете ефект. Доколку се потрудите, сигурно ќе успеете!

(В.В.Д)

Leave a Reply

Your email address will not be published.