Какво е работното време во Европа и како е дефинирано?

Какво е работното време во Европа и како е дефинирано ?

30 јануари 2018 каменица.мк

АФП – Париз 

Германскиот синдикат И-Ге Метал води битка со работодавачите за намалување, под одредени услови, на работната недела до 28 часа во металуршкиот сектор. Франс Прес направи преглед на работното време во повеќе земји во Европа:

Работно време одредено со закон и неговиот максимум

Во Франција времетраењето на работното време, одредено со закон, над кое часовите се сметаат за дополнителни, е 35 часа, но во повеќето земји тоа е 40 часа.

Така е во Италија, Полска, Австрија и Шпанија. За време на кризата беа склучени привремени договори во некои шпански компании и тоа најмногу во автомобилскиот сектор, за да се намали бројот на работните часови со цел повторно да се избегнат отпуштања.

Во Полска во договорот за вработување може да се вклучи клаузула за работна недела над 48 часа, како што е на пример во здравствениот сектор, каде што има недостиг на лекари.

Ауди работници на пауза

Во некои земји времетраењето на работното време не е одредено со специјален закон. Така е во Германија и во Финска, каде организациите од секоја бранша го решаваат тоа прашање.

Во Велика Британија законот го одредува само максималното времетраење на работната недела од 48 часа од 1998 година. Покрај сето тоа, може да се работи и повеќе, ако сака работникот или пак ако настојува работодавачот (во тој случај работникот има право да одбие). Надминување не може да има во одредени сектори (авиокомпании, морнарица или во некои сектори на патничкиот транспорт). За работниците, кои се под 18 години, плафонот е сведен до 40 часа неделно.

Работна недела од 48 часа е максимум одреден од Брисел (има и исклучоци).

Тоа времетраење на работната недела и максималните дозволени плафони не ја одразуваат вистинската работна недела што може да поттикне јавна дебата во различни земји.

Дополнителни часови

Во Велика Британија законот не предвидува дополнителни часови, но компанијата или колективниот договор можат да го направат тоа.

Во Германија и Италија во колективниот договор се одредува и платата.

Работници Германија

Во Франција, ослободувањето од даноци на наградите за дополнителни часови, кое беше воведено меѓу 2007 и 2012 година, беше укинато за време на претседателот Франсоа Оланд. Актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон во својата прогама нема предвидено враќање на оваа практика. Сепак, тој вети дека ќе има ослободување од даноци на социјалните придонеси за тие дополнителни часови, што исто така беше во сила за време на владеењето на Никола Саркози.

Дали има дебата ?

Во Австрија се одржа дебата. Само што за разлика од ситуацијата во Германија, таа е за продолжување на максималното времетраење на работно време. Новата коалициска влада на десницата сака да ја зголеми до 12 часа дневно или 60 часа неделно (во однос на сегашните 10 и 50 часа соодвенто). Овој предлог беше поздравен од страна на работодавачите и критикуван од синдикатите.

Во Финска, Владата на центристот Јуха Сипиле, чиј кабинет е приврзаник на строгите мерки на штедење, во јуни 2016 издејствува потпишување на „пакт за конкурентност“, со кој на голем дел вработените работнити време им беше зголемено за 24 часа на годишно ниво без да им се плати. Отпорот беше слаб, бидејќи, по неколку години рецесија, Финците станаа попустливи.

Во Франција дебатата за 35-часовната работна недела редовно се обновува и тоа најмногу пред избори, но нејзиното укинување не се поставува како проблем. И владата нема намера да ја реформира. Компаниите веќе ги користат многубројните опции за пофлексибилни дејствувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.