Каква зима најавува Славчо Поповски?

 

Иако е рано да ја најавуваме зимата, на која сигурно повеќето од вас не сакаат ниту да помислат во овој момент, Славчо Попоски веќе прави прогноза.

Неговите анализи за претстојната зима велат дека за разлика од минатата година ќе биде постудена со повеќе продори на студен воздух од север и од североистокот на евроспкиот континент.

Тие студени бранови со судир на нешто потоплите воздушни маси, како што се прогнозира, кои би се наоѓале над овие краишта би условиле формирање на циклонски системи кои би се движеле кон Балканот и Македонија и истите би донеле почести врнежи од дожд и од снег.

Почести студени воздушни маси кои ќе се спуштаат од север кон нашата територија Славчо вели дека ќе носат и почести снежни врнежи за разлика од изминатите неколку години.

Попоски не исклучува ниту стабилно и суво време кое како што вели би доаѓало како последица од висок воздушен притисок.

„Ние сме на такво место што директно од север и од североистокот на европа слободно може да пробие и екстремно студен воздух кој би условил и екстремно ниски температури на воздухо (до околу па и под -20 степени) како што беше случај пред две години каде во Берово се измерија температури дури и под -28 степени. Токму ова може да го очекуваме и има можност да се случи и во текот на претстојната зима“, вели Славчо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *