И каменичанец дел од иницијаторите на хуманата акција за Венцислав Симоновски – Кичо

И каменичанец е дел од хуманата акција за помош на Венцислав Симоновски – Кичо.

Веднаш по објавата на каменица.мк за хуманата акција организирана од навивачите на англиски Ливерпул во Македонија, во нашата редакција се јави Ванчо Николовски. Toj e eден од организаторите на акцијата како дел од оваа навивачка група. Нивна цел, покрај дружењето во велешкиот кафе бар Драма, е и собирање на средства за помош на фудбалската легенда Венцислав Симоновски – Кичо. Венцислав Кичо, добро и е познат и на каменичката спортска и поширока јавност по неговите брилијантни настапи во редовите на ФК САСА. Венцислав Симоновски – Кичо веќе подолго време се наоѓа во тешка финансиска и животна состојба и овие средства од ваквите хумани акции за него се од голем значај.

Во краткиот разговор со нас, Ванчо Николовски кажа дека за сите информации околу собирот и сите заинтересирани да помогнат, можат да го контактираат на 071 207 608.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк  http://kamenica.mk/%D1%85%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD, или во целост на Sport1.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.