И за Велигден сите во карантин

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека за празниците кои следат ќе се почитуваат и применат мерките кои во моментот важат односно забрането целосно движење.

Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник.

Тоа се повеќе од 6о часови.Иако првично ваква мерка беше донесена само за Куманово, полицискиот час што ќе трае повеќе од 60 часа е мерка што сега важи за цела Македонија. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16.00 часот во петок до 05.00 часот во понеделник.

Ова значи дека пред се’ треба добро да се организирате и што е најважно да се снабдите со намирници и лекови, како и да го отстраните ѓубрето. За да ги избегнете гужвите што неизбежно се создаваат заради пократкото работно време на маркетите, најдобро е одеднаш и уште од денес да ги купите намирниците што ви се потребни. Еден од советите е да не одите на шопинг без список и, ако е можно, во продавница што веќе ви е позната, бидејќи така пократко време би се задржувале во затворен простор што не е ваш дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: