Италијанскиот диџеј Alex Kenji, македонските рапери Зад аголот и Самоил Радински се првите потврдени изведувачи на True Sound Of Kamenica 2017

На точно еден месец пред почетокот на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica потврдени се настапите на еден од моментално најактуелните италијански музички феномени – диџејот Alex Kenji, на македонската рап атракција „Зад аголот“ и македонскиот диџеј Самоил Радински. Фестивалот годинава ќе се оддржи на старото спортско игралиште во непосредна близина на Градскиот базен во Македонска Каменица, на 18 и 19 август.

 

Сеуште течат преговорите со уште неколку изведувачи и очекувањата се дека комплетниот line up ќе биде објавен до 25 јули, по што во продажба ќе бидат пуштени промотивните влезници.

Генерален покровител на фестивалот е Рудник САСА Македонска Каменица, главен медиумски покровител е kamenica.mk, а спонзори се Martin Steel, Palmas 2016 и Дрилко ДОО.
Организатор на True Sound Of Kamenica е Асгард 2015 ДООЕЛ од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *