Истрагата пронашла траги на насилство врз телото на 26 годишното момче од Кочани

Истрагата пронашла траги на насилство врз телото на 26-годишното момче од Кочани. За какви повреди се работи и од што истите се нанесени, се уште се утврдува. Официјални и конкретни податоци нема ниту од полицијата ниту од јавното обвинителство.

Обвинителството се огласи само со штуро соопштение во кое стои:

„… На телото беа најдени видливи траги на насилство. Обвинителството за вршењето на увидот повика форензичка екипа од Министерството за внатрешни работи од Скопје.

Во насока на утврдување на причините за смртта кај момчето, Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот, наредби за прибирање на траги од лице место и вршење на потребни вештачења. Истрагата за настанот продолжува со цел негово расветлување…“

Засега нема никакви информации за резултатите од обдукцијата, како и за тоа дали случајот во полиција се води како убиство, самоубиство или несреќа, што раѓа бројни претпоставки кај кочанската јавност за причините за смртта на младото момче.

Инаку, телото на 26-годишникот, беше пронајдено вчера во подрумскиот дел на зградата во која живеел. Момчето е син единец, а меѓу соседите било познато како исклучително мирен и културен:

  • Детето секој ден сум го гледал, оттука минуваше. Треба да има некаков објаснување. Детето си беше дотерано, културно, воспитано, се, изјави сосед на мртвото момче.

Повеќе информации за случајот во Кочани се очекуваат во деновите што следат. Засега, деталите се држат далеку од очите на јавноста – во интерес на истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.