Источна Македонија најслабо пошумена, а “дрва сече кој ќе стигне”

Источниот регион на државата има најмалку шуми во цела Европа, покажуваат најновите податоци на Светска Банка.

Според нив, само 39 % од територијата на Македонија е под шуми додека тој процент во источниот регион не е поголем од 30.

Вкупно во Источниот регион под шуми се 148.000 хектари. Најмногу шуми има во Делчево 35.000 хектари, Кочани 30.000 хектари,  Берово 28.000 и Штип одвај 17.000 хектари.

  • Какви шуми, погледнете околу Штип само голи ридови има, велат анкетирани штипјани.

И додека од една страна шуми немаме, од друга и она малку што го поседуваме како шумско богатство безмилосно го сечеме.

Така лани  од шумите во Источниот регион се исечени 180.000 метри кубни дрва, во Југозападниот  163.000 кубици, Пелагониски 153.000, Југоисточен  115.000 и додека останатите региони се со сеча од 20 – 60.000 м/3.

Што значи дека кај нас секирите играат на сите страни, а дрва сече кој ќе стигне и каде ќе стигне:

  • Кај Мирјанина црква, накај Плачковица дрва се сечат безмилосно , велат граѓани.

Неконтролираната сеча, значи и многу проблеми од секаков тип:

  • Еден од најголемите проблеми е ерозијата и уништувањето на плодниот дел од почвата, понатаму имаме и влијание врз климата, а секако и зголемување на загадувањето, појасни Игно Иванов, шумарски инженер.

Од друга страна, шумското богатство во регионот се обновува  и зафаќа бавно. Просечно, за да се достигне старост на т.н. возрасно дрво потребни се 15-20 години.

За разлика од кај нас, останатите земји во регионот за шумите и нивното обновување водат многу повеќе сметка, што се гледа и од покриеноста на нивните територии  со шуми.

Така, во Црна Гора под шума е 40 % од територијата, во Босна 43, додека во Словенија 62 %.

Текстот е преземен од ТВ Стар -Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *