„ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ И ГОДИНАВА СО ОРА И ПЕСНИ ГИ ИСПОЛНИ УЛИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица и годинава се најде на картата градови- домаќини на светски реномираниот фестивал „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“.

Каменичани имаа можност на улиците од градот да го проследат дефилето на учесниците и одличните концертни настапи од 33-то издание на Фестивалот во Домот на култура во Македонска Каменица.

Во текот на вчерашниот ден, Македонска Каменица беше домаќин на 33-то издание од МФФ „Истибањско Здравоживо“. Долж улиците во централното подрачје на градот, учесниците од фолклорните ансамбли од Бугарија, Труција, Хрватска, Словенија, Молдавија, Литванија како и играорната група при каменичката КУД „Вера Јоциќ“ го изведоа традиционалното дефиле. Пред почетокот на дефилето во просториите на Дом на култура, во организација на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, за претставниците и организаторите на фестивалот, се оддржа свечен прием и средба со градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Разговарајќи за успесите на Фестивалот, учесниците на приемот изразија надеж и планови за соработка и во наредните изданија на истиот. Во рамки на свечениот дел, организаторот на „Истибањското Здравоживо“, г-дин Стојко Мтиковски на градоначланичката Стаменкова и додели Диплома, во знак на благодарност за соработката и признание за учество на Македонска Каменица како град- домаќин на Фестивалот.

По завршувањето дефилето колажот од ора и песни се пресели во Дом на култура, каде љубителите на фолклорната- изворна музика и традиција имаа можност да ги проследат настапита на сите учесници. Посебни овации предизивика настапот на детските играорни групи од Македонска Каменица при КУД „Вера Јоциќ“, друштво кое во нашиот град егзистира уште од 1960 година. Во понатамошниот дел од програмата, аплаузи и силен впечаток кај публиката оставија настапите на сите учесници, особено изведбите на учесниците од Бугарија и Турција.

На присутните во Домот на култура со кратко обраќање до присутните и учесниците на Фестивалот им се обрати градоначалничката Соња Стаменкова, која на почетокот ја изрази благодарноста во свое лично и во име на Општина Македонска Каменица за укажаната чест, Каменица да биде дел од градовите домаќини на Фестивалот. Ги поздрави присутните и упати порака до учесниците на Фестивалот дека се на вистинскиот пат, со дружење и пријателството и дека само преку негување на фолклорот и запознавањето на традициите се создава свет полн со различности кои ги зближуваат младите.

Концертните настапи од 33 издание на МФФ „Истибањско Здравоживо“ проддолжуваат и во текот на наредните денови во уште неколку градови од источна Македонија, како и во село Истибања каде на 21 септември ќе се одддржи гала- вечер за учесниците и повеќе илјадната публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *