Исленици од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош за семејството од Русиново

Исленици од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12-членото семејство Мирчовски од село Русиново.

Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија.

Хуманитарните организации веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседи.

Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга” од Берово активно се вклучија во акцијата за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во пожарот, а расчистувањето, како што соопштија, ќе продолжи и денеска.

Беровчани од денеска, своите донации можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет” во Берово, што вчера донираа прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на трансакциска сметка на име Александар Мирчовски со број на сметка 200002693474846. Акцијата за помош на дванаесетчленото семејството продолжува и понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *