Информација за прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Македонска Каменица

Поради настанат поголем дефект на 10 кВ далновод во 18:19 часот, во прекин е снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на Македонска Каменица

Според информациите кои ги добивме од контакт центарот на ЕВН, нивните екипите веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот. Од таму информираат дека станува збор за поголем дефект на 10 кВ мрежа. Немаат конкретна информација за потребното време за санација на дефектот и времето потребно за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Она што во моментот го знаеме е дека, без електрична енергија се домаќинствата на улиците Езерска, делови од Осоговска и Каменичка, како и улиците Илинденска и Македонска. Исто така, најверојатно има прекин во снабдувањето и во некои од останатите приградски и рурални средини од Македонска Каменица.

Се надеваме дека, проблемите со електрична енергија ќе бидат надминати и снабдувањето со електрична енергија, за краток период, ќе биде нормализирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *