Интензивно се чистат од снег улиците и локалните патиштата во Македонска Каменица

Јавното комунално претпријатие апелира до граѓаните да пристапат кон чистење на снегот пред индивидуалните и колективните објекти за домување. Воедно од ЈП Камена Река известуваат дека улиците и локалните патишта интензивно се  чистат од снег

Во текот на денешниот ден и покрај новите врнежи, интензивно се чистат од снег улиците во централното градско подрачје, како и локалните патишта кои водат до руралните средини. Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“ постојано се на терен и во функција се ставени сите расположливи возила и работници.
Општина Македонска Каменица апелира до граѓаните да го расчистуваат снегот пред индивидуалните и колективните објекти за домување, што е и нивна законска обврска, но и да ги отстранат возилата од градските улици, се со цел полесно и поефективно расчистување на улиците и овозможување подобра проодност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *