Интензивно се уредуваат јавните зелени површини на градскиот кеј на Каменичка Река

Македонска Каменица, 14.02.2020 година – Од ЈП Камена Река известуваат дека се започнати активностите за уредување на јавните зелени површини околу градскиот кеј на Каменичка Река.

Активностите за чистење на јавните површини и зеленилото во овој дел од градот, се одвиваат паралелно со редовното чистење на речното корито од атмосферски талог обраснат со нискостеблеста вегетација. Со ова, ЈП Камена Река овозможува олеснет и зголемен проток на вода во речното корито и уредување на јавните површини пред планираните активности на општина Македонска Каменица за поставување на ново осветлување по целата должина од градскиот кеј на Каменичка Река, изјавуваат од Јавното претпријатие задолжено за јавна чистота и комунална хигиена во општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *