Секој петти жител на Истокот – страда од депресија. Беспарица, стрес, нервоза, невработеност, осеменост, се само некои од причините кои на луѓето им ја земаат насмевката од лицата. Крајниот резултата од секојдневние, навидум, ситни проблеми, е зголемување на бројот на пациенти на психијатриските клиники.
- Бројот на лицата кои живеат во депресија е зголемен за повеќе од 18 проценти во споредба со периодот меѓу 2005 и 2015 година. Повеќе од 80 проценти од лицата кои живеат со депресија се во земјите со низок и среден животен стандард, истакна Шабан Мемети, дир. на Институт за јавно здравје на РМ.
И покрај ова, голем број лица кои страдаат од депресија, наместо да се лекуваат – се срамат:
- Секој петти човек развива симтоми на депресија, а 75 отсто од луѓето со голема депресија не се лекуваат. Треба да се подобри квалитетот на животот, да се свртиме кон поубавите работи, да се внимава на менталното здравје, да се прави баланс меѓу работата и приватниот живот, а доколку се добијат симптоми на депресија да се побара здравствена помош, истакна Антони Новотни, универзитетски професор.
За само неколку гоини, бројот на пациенти со депресија кои се болнички лекувани, е зголемен за дури 37 %.
Во 2010 година бројот на болничко лекувани изнесувал 585, од кои 196 мажи и 389 жени, а во 2015 година тој број изнесувал 803 од кои 257 мажи, а 546 жени.
Паралелно со зголемувањето на бројот на лица кои страдаат од депресија, се зголемува и бројот на самоубиства.
Светската статистика покажува, дека по сообраќејните несреќи, депресијата е втора причина за смртност кај младите до 25 години.
Извор: СтарТВ – Штип