Илјадници новозасадени цвеќиња ќе ја разубавуваат Македонска Каменица

Македонска Каменица, 17.Мај 2019 година – Во изминатиов период ЈП Камена Река спроведе неколку акции во рамки на повеќедневната екоакција за „Пролетно чистење на градот“. Во рамки на оваа акција, вработените во ЈП Камена Река започнаа со активности за цветно разубавување на градското подрачје. Со нови  цветни аранжмани на јавните површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица ќе бидат засадени повеќе илјади цвеќиња.

Секторот за паркови и зеленило во рамки на годишната програма за работа на претпријатието веќе има произведено 10.000 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл. Акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација е дел од редовната работа на екипи од ЈП „Камена Река, – изјавуваат од ЈП Камена Река

Еве неколку фотографии од пролетната акција на ЈП Камена Река за разубавување на централното градско подрачје на Македонска Каменица:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *