Изработена техничка документација за реконструкција и изградба на 3000 метри локални патишта и улици во Македонска Каменица

Завршена е изработката на техничката документација за реконструкција и изградба на нови 3000 метри локални патишта и улици во општина Македонска Каменица.

Врз основа на Јавниот повик бр. 26-4553/1 од 23.05.2019 година од страна на Министерството за финансии преку проектната единица МСИП се финансираше изработката на техничка документација за реконструкција на локалниот пат кој води низ село Луковица кон село Костин Дол со должина од 2500 метри и улица Миле Јаневски Џингар со должина од 500 метри. По изработката, целокупната техничка документација и беше предадена на општина Македонска Каменица. Според Програмата за работа на Општината, истите ќе бидат реализирани според утврдената листа на проритетни проекти, – стои во соопштението од официјалните налози на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *