Изгоре пилана во Берово

Ништо не остана од пиланата сопственост на семејството Аврамски од Берово. Пожарот кој избувнал утрово околу 4 часот од погонот на компанијата Графопромет во Берово која над 25 години се занимава со  производство на дрвена и картонска амбалажа, за кратко време го уништи целиот погон, машините  и целокупното производство во него.

  • Кога дојдовме сабајле во 4:00 саатот гореше. Не знам колкава е штетата, кажа Васе Аврамски, сопственик на Графопромет.

Пожарот , најверојатно, започнал од долниот дел на погонот, па кога стигнале пожарникарите, тој веќе зафатил поголем дел од материјалите кои се лесно запаливи, како и кровната конструкција.

  • Пожарот е пријавен во 4, 30 часот, излеговме на терен со две возила и 7 пожарникари. Се работи за индустриски објект пилана со многу горлив материјал, штетата е многу голема, рече Димитар Букушовски, командит на ТППЕ Берово.

Првишните претпоставки се дека пламените јазици се предизвикани од печка на дрва во погонот или од неисправна електрична инсталација. Увидот кој ќе следува попладнево треба да ги докаже причините за големиот пожар кој денеска предизвика голема материјална штета на еден од ретките стопански субјекти во Берово.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *