На 15.04.2017 година во 18,45 часот во ПС-Делчево пријавено е дека во Делчево на м.в.„Пустевски андак“, настанал пожар во куќата сопственост на А.М. (62), при што биле зафатени две соби од кои едната целосно изгорела, додека другата била само опожарена. Во пожарот нема повредени лица. Од екипа на ТППЕ-Делчево пожарот бил изгаснат. Во консултација со инспектор од ДЗС, увид ќе се изврши на 18.04.2017 година.