Изгоре автомобил во Делчево

Автомобил од марката фолксваген пасат се запали вечерва во 18 часот и 20 минути во центарот на Делчево. Според информациите на дежурниот пожарникар Лоренцо Трајановски, Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по примениот повик со тројца пожарникари излегла на местото на настанот и во брз рок го локализирала пожарот кој го зафатил опожареното возило.

-Нешто по 18 часот примивме дојава дека во центарот на Делчево пред продавницата „Изор Комит“ се запалило патничко возило, марка фолксваген пасат. Со тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица се упативме на местото на настанот каде веднаш пристапивме кон гаснење на пожарот, изјави Трајановски.

Истакна дека најпрво пристапиле кон гаснење со противпожарен апарат, но откако не успеале, повлекле таканаречена „линија“ која се употребува во вакви случаи и пожарот бил успешно локализиран.

За среќа, како што информираат од ТППЕ Делчево, во пожарот не се евидентирани жртви. Полиција ќе ги истражува причините за пожарот за кој подетални информации се најавени за утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *