Извршителите го соголеа народот. Се бара итно стопирање на присилната наплата

20.XI.2017 kamenica.mk

Извршителите го соголеа народот, тврдат невладини. Со граѓански потписи бараат итно стопирање на присилната наплата и строги контроли на извршителската работа:

  • Бараме запирање на присилната наплата, ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, како и утврдување на реален и нереален долг, истакна Кристина Ампева, прет. на Здруж. „Гласен текстилец“ – Штип.

Според невладинте истражувања, над 200.000 граѓани се заробени со извршни одлуки од кои десетици илјади се се уште блокирани и не можат да се одблокираат:

  • За вода ми наплатија 60.000 денари, за перална од 14.000 денари ми наплатија 40.000 денари, ова е срамота. Човек да си стави бесилка од нив, велат жители на о. Штип.

Поради ова, граѓаните бараат нов закон за извршување, зашто сегашниов, тврдат, не е добар:

  • Ова секако е еден од полошите законски решенија и потребна е негова смена, кажа друг жител на о. Штип.

Иницијативата за собирање потписи под наслов „Стоп за извршителите“ почна пред два дена во Скопје, а од денес потписи се собираат и во Штип.

Инаку, Законот за извршување се применува од 2005 година, а од јанураи годинава на сила стапија новите измени. Според нив, за неплатените комунални сметки извршителот да не смее да блокира без претходно да го извести граѓанинот дека постои некој долг и да побара од него да предложи начин на кој ќе се сервисира долгот.

Со овој закон во вонсудска наплата според комората ќе се решаваат комуналните сметки за струја, парно и вода кои не го надминуваат утврдениот износ до 6 000 денари и сметките за телефон, кабелска и одржување на зграда во износ до 2 000 денари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *