ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП “КАМЕНА РЕКА” ПОВРЗАНО СО ОДРЖУВАЊЕТО НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА ВО ГРАДОТ

Извесување од ЈП Камена Река до граѓаните на Македонска Каменица за подобрување на јавната чистота во градот

ЈП Камена Река од Македонска Каменица, во насока на подобрување на јавната чистота во градот, ги известува граѓаните дека во текот на летниот период чистењето на контејнерите за ѓубре ќе го врши во раните утрински часови.

“Упатуваме апел до граѓаните отпадот од своите домови да го фрлаат во раните утрински часови, најдоцна до 07:00 часот или во попладневните часови после 17:30 часот.
Со воведувањето на оваа пракса, заедно со граѓаните дополнително ќе допринесеме за избегнување на несакана смрдеа и создавање на можности за ширење на заразни болести од контејнерите за ѓубре во градската средина.

Исто така, во известувањето од комуналното претпријатие се замолуваат граѓаните, да избегнуваат фрлање на ѓубре и отпад, во и околу веќе полни контејнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *