ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Ние свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во петок, на Богојавление- Водици (19. Јануари), не се пости, односно се блажи.

Распоред на богослужбите:

  • 18. ЈануариЦарски часови, Вечерна и Водосвет во храмот
  • 19. Јануари – 07:00 часот Утрена
    08:00 – Света литургија
    09:00 часот – лицитација на икони и Светиот крст
    09:30 часот – Голем Богојавленски водосвет во дворот на Храмот
    11:00 часот – спуштање на Светиот крст во водите на Каменичка река
  • 20. Јануари
    07:00 часот – Утрена
    08:00 часот – Света литургија
  • 21. Јануари
    07:00 – Утрена
    08:00 – Света литургија

За оној што ќе го извади Светиот крст од водите на Каменичка река, Градоначалникот на општина Македонска Каменица- Соња Стаменкова, ќе обезбеди пригоден подарок.

Нагласуваме, дека „Панагиите“ треба да ги донесете во храмот во пристојно време, односно до 16:00 попладне.

Децата до 7- годишна возраст можете да ги донесете за Причест без претходна подготовка, без пост и исповед.
Со братски поздрав, Бог се јави, навистина се јави!
Храм Успение на Пресвета Богородица
Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published.