ИЗВЕСТУВАЊЕ: ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ГО ОШТЕТИЈА МОСТОТ НА ЦРНА РЕКА, КОРИСТЕТЕ ГО АЛТЕРНАТИВНИОТ ПАТ ДО СЕЛО КОСТИН ДОЛ

04.02.2018 каменица.мк

Заради обилните дождови во изминативе неколку денови и зголеменото ниво на речниот водостој во коритото на Црна Река во село Костин Дол, дојде до општетување на дел од мостот кој моментално е во градба. Надлежните со известување и предупредување до месното население, дека движењето преку мостот и користењето на вообичаениот пат до село Костин Дол, во моментов е оневозможено. Непрекинато се работи на решавање на овој настанат проблем и неприлика, екипите веќе се на терен. Месното население може да го користи алтернативниот пат, преку месноста (Стара) Круша, односно стариот пат користен за потребите на поранешниот рудник за јаглен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.