Советот на ЕЛС Македонска Каменица на мајската седница усвои Решение за именување на членови на Совет на млади на општина Македонска Каменица. За членови на Совет на млади на општина Македонска Каменица се именувани: Бојан Стаменковски, Филип Аврамовски, Ивана Ѓоргиевска, Анетка Атанасовска и Ненад Николовски. Mандатот на членовите на Советот трае две години.
Советот на млади на oпштина Македонска Каменица ќе биде советодавно тело на Советот на општина Македонска Каменица, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во општината.