Живата техно легенда, Пол Калкбренер, се враќа во Србија по шест години од неговиот последен настап на EXIT Festival. Еве пет причини зошто Пол Калкбренер е голем цар:
1. Тој е прв вистински стадионски техно изведувач
Познато е дека на неговите настапи одат и по 25 000 фанови, на стадионите ширум светот. Неодамна, Пол настапи пред половина милион луѓе, пред Бранденбуршката порта, со што го потврди статусот на една од најголемите ѕвезди на денешницата.
2. Пол е ѕвезда во еден од најуспешните филмови во германската историја
Berlin Calling е еден од најдобрите филмови за тоа како изгледа животот на еден ДЏ/Продуцент: дрога, жени, журки и притисок, од што главниот лик завршува во болница. Пол го глуми ликот кој се вика DJ Ickarus.
3. Саундракот од BERLIN CALLING е еден од најпопуларните
Кој не ги „Sky and Sand” и „Aaron”, време е да ги научи. Покрај тоа што Пол Калкбренер го глумеше DJ Ickarus во култниот Berlin Calling, работеше и на музиката за истоимениот филм, за кој со неговиот брат Фриц Калкбренер го снимија вонсерискиот хит „Sky and Sand” кој се продаде во повеќе од 200.000 примероци.
4. Пол е огромен фудбалски фан
Ако се прашувате зошто музиката на Пол Калкбренер е совршена за стадиони, сигурно влијание има тоа што е голем навивач на Баерн Минхен.
5. Неговата поубава половина е навистина жешка
Прекрасната Симина Грегориу е од романско-канадско потекло, а Пол ја запозна на афтерот по неговиот филм Berlin Calling на филмски фестивал во Торонто.
Ако сакате да го видите и слушнете Пол Калкбренер, EXIT Festival 2017 е вистинска можност. Уживањето е загарантирано!