Дали некогаш сте се запрашале зошто недела за Велигден може да падне помеѓу 22 март и 25 април? И зошто источните православни цркви го слават Велигден на различен ден од западните цркви? Всушност, постојат онолку недоразбирања околу калкулациите за датумот за Велигден, колку што има причини за конфузија.
Во сржта на проблемот лежи многу едноставно објаснување. Најстарите верници во малоазиската црква сакале да го задржат одбележувањето на Велигден во корелација со еврејскиот Пасха затоа што смртта, погребувањето и воскреснувањето на Исус Хирстос се случиле по Пасха, па тие сакале секогаш Велигден да се слават по Пасха. А затоа што еврејскиот календар на празници е заснован на соларните и лунарните циклуси, секој празник се менува, а датумите се преместуваат од година во година. Оттука објаснувањето станува уште покомплицирано.
Денес во западното христијантсво, Велигден секогаш се слави во недела, веднаш по полна месечина на Пасха во годината. Грешно претходното тврдење дека „Велигден секогаш се слави во недела веднаш по првата полна месечина по пролетната рамнодневица“. Ова било точно се до 325 г.н.е.; но со текот на времето, (од 325 г.н.е. на Соборот во Никеа) западните цркви одлучиле да воспотават постандардизиран систем за одредување на датумот за Велигден.
Всушност, датумот за полната месечина на Пасха се одредува според историски табели и нема никаква поврзаност со лунарните циклуси.
Како што астрономите можеле да ги пресметаат датумите за сите полни месечини во следната година, западната христијанска црква ги користела овие пресметки за да направат табела за датумите за еклацистичка (црковна) полна месечина. Овие датуми требало да ги одредат Светите денови на црковниот календар.
Модифицирана малку од својата првобитна форма, во 1583 година табелата за одредување на датумите за црковната полна месечина била постојано воспоставена и оттогаш се користи за да се одреди датумот за Велигден. Оттука, според црковната табела, полната месечина за Пасха е првиот датум за полна црковна полна месечина по 20 март (кој во 325 г.н.е. се погодил да биде на пролетната рамнодневица), па во западното христијанство Велигден секогаш се прославува во недела веднаш по полната месечина на Пасха.
Полната месечина на Пасха може да варира за два дена од датумот на вистинската полна месечина, а датумите се движат од 21 март до 18 април. Како резултат на тоа, во западното христијанство датумите за Велигден можат да варираат од 22 март до 25 април.