ЗОШТО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАМЕНИЦА И ДЕЛЧЕВО ГОДИНАВА ОСТАНАА БЕЗ ДРВА ЗА ОГРЕВ?

Огревното дрво заглави во изговорите за отворени тендери и незавршени избори. Вака се објаснува недостигот на огревно дрво во регионот, каде на големо е веќе започната грејната сезона. Во Делчево и М. Каменица се чека испораката на уште 640 просторни метри огревно дрво од вкупно планираните 7250 метри просторни.

  • Имаше неуспешни тендери за сеча и дотур и за превоз,па за време на избори не се распишуваат тендери, појасни Љупчо Петровски, директор на ЈП Подружница „Голак“- Делчево.

Ветувањето е дека за две недели ќе бидат испорачани и останатите количини до сите правни и физички лица.

  • Грејната сезона е веќе започната, а одредени физички лица не се снабдени со дрва. Ние правиме напори сите склучени договори да ги реализираме, па макар делимично, половина од договорената количина, граѓаните не треба да стравуваат сите договорнеи количини ќе ги испорачаме до крајот на годината, кажа Петровски.

Но, сепак, некои од институциите дури сега потпишуваат договори за огревно дрво, иако договорите со ЈП се склучуваат во месец март со цел да се планира производството на Подружицата која вообичаено дистрибуира над 9 илајди метри кубни огревни дрва.

  • На сите училишта се однесени дрва, но еве и денеска потпишавме договор со ОУ Ванчо Прке кој договр ќе го испочитуваме, кажа Петровски.

Во моментов ситуацијата со огревното дрво во регионот ја спасува Подружницата од Пехчево. Од Подружницата „Равна Река“ велат дека во Пехчево сите домаќинства и институции се снабдени со огревно дрво, а последниот месец околу 10 илјади просторни метри огревно дрво се испорачани во Кочани, Штип и Скопје.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *