Зошто на крајот од годината не се доделува признание за најдобар доктор од Брза помош?

Петар Печков

Секоја година, на нејзиното завршување локалните власти доделуваат признанија на неколкумина велешани значајни за живеењето на градот и секој во својата област, полицаец, пожарникар, земјоделец, занаетчија, хуманист,   комуналец.

Но на оваа листа, за мене неправедно го нема и признанието за доктор од итната медицинска служба. Оти најчесто е бран број е 194 –брза помош, потоа 192 –полиција па 193  -пожарна.

И од прилогот една вест погоре, сообраќајќи, сообраќајки, секогаш први на местото на настанот се службите од итната медицинска помош, па дури  потоа полицијата и ако треба пожарникарите.

Затоа сметам дека локална власт   треба од годинава да започне  да оддава признание и за најдобриот доктор од итната служба при ЈЗУ Здравствен  дома – Велес, како носител на активноста кога се спасува пациент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

%d bloggers like this: