Зошто да пиете кафе и чај без шеќер?

Луѓето кои ги засладуваат млекото и чајот и им додаваат млеко или шлаг, во организмот внесуваат дополнителни 69 калории. Ова го покажало истражување спроведено од американски научници.

Па, кога во кафето се додава шеќер или млеко, па дури и двете, тоа станува навистина калоричен пијалак. Научниците истакнале дека според истражувањето, 68% од љубителите на кафе и 33% од љубителите на чај ги пиеле овие пијалаци со калорични додатоци.

Во споредба со луѓето кои го сакаат кафето горко и без млеко, оние кои ги сакале додатоците внесувале 69 калории со секоја шолја.

Иако можеби овој број не изгледа голем, сепак може да предизвика дебелеење.

„Нашето истражување покажа дека луѓето секојдневно внесуваат повеќе калории од потребното, а за тоа не се ни свесни“, изјавил Руопенг Анг кој го водел истражувањето.

Во текот на истражувањето биле користени податоци од разни истражувања и биле опфатени 13.000 љубители на кафе и над 6.200 луѓе кои секојдневно пиеле чај. Истражувањето го опфатило период од помеѓу 2001-ва и 2012-та година.

И во двата пијалаци, калориите потекнуваат од шеќерот, особено од млечните масти. Советот на научниците и нутриционистите е да внимаваме што додаваме во кафето или чајот.

Доколу сепак не можете да се откажете од млекото и шеќерот во овие пијалаци, обидете се да ги пиете поретко, односно една до две шолји дневно.

Дознајте и кој е најдобриот чај за вас според вашата крвна група.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *