Зорица Караѓозова потпиша четиригодишен сениорски договор со ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица
Македонска Каменица, 03. Септември 2023 година – Седумнаесетгодишната Зорица Караѓозова од Македонска Каменица потпиша потпиша прв професионален сениорски договор со својот матичен клуб ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица.
Младата Караѓозова е дел од младинските школи на Баскет Кам уште од 8 годишна возраст. Во изминатите сезони беше дел од сите младински категории на клубот, каде во изминатата сезона со М18 екипата на Баскет Кам, во клучните натпревари од Ф4 разигрувањето беше еден од главните носители на играта и победите за освојување на шампионската титула. Караѓозова, како дел од шампионските тимови на Баскет Кам е носител на медал Шампион на Македонија во сениорска женска конкуренција во натпреварувачките сезони 2020/21 и 2022/23. Исто така, таа со својот матичен клуб е трикратен сениорски освојувач на Купот и Суперкупот на Македонија.
Огромни клубски успеси на Зорица Караѓозова како дел од шампионската екипа на Баскет Кам. Практично, уште на 17 годишна возраст ги има освоено сите клупски шампионски пехари од македонската младинска и сениорска кошарка.
Бележи одлични резултати и во националниот дрес, каде е стандарден репрезентативец во повеќето младински категории. Дел е од шампионската М16 репрезентација на Македонија, која во Грузија во 2021 година, го освои European Chellenger купот.
Со скромната и практична игра на бековската позиција, со прецизните додавања и високиот процент на искористени топки при шут, секогаш позитивната Зорица Караѓозова со сигурност ќе биде еден од креаторите на уште многу победи и титули на ЖКК Баскет Кам.