Зелените површини во Македонска Каменица ќе се наводнуваат со систем „капка по капка“

Македонска Каменица, 12.04.2019 година – Македонска Каменица добива систем за наводнување „капка по капка“. Со ова, ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за јавната чистота и одржување на урбаната опрема и зеленилото во градот, покажува дека постојано работи на зголемување на ефикасноста и продуктивноста во своето работење.

„ЈП Камена Река започна со наводнување на зеленилото од парковите и јавните површини во градот преку системот „капка по капка“. Во наредниот период, по завршувањето на овој проект новонасадените декоративни зимзелени и листопадни дрвја, цвеќиња и украсна „жива ограда“ ќе се наводнуваат на многу поефикасен и поекономичен начин. На ова можеме да додадеме дека, оваа година од сопствено производство имаме подготвено околу 20.000 декоративни цвеќиња, со кои наскоро ќе биде разубавен центарот на градот. Ќе бидат засадени на повеќе јавни површини во централното градско подрачје во Македонска Каменица“, – изјавуваат од ЈП Камена Река

Со ова, ЈП Камена Река – Македонска Каменица со сопственото производство на над 20.000 цвеќиња од кои најголем дел ќе бидат засадени во централното градско подрачје, покажува дека активно работи и на зголемување на ефикасноста во однос на одржувањето на јавните зелени површини во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *