Зголемен е паричниот надомест за новородено дете во Каменица. Првото новороденче во 2018 година ќе добие 20.000 денари.

Општина Македонска Каменица, со Одлука на Советот за измена на Правилникот го зголеми паричниот надомест кој се исплаќа на секое новородено дете на подрачјето на Македонска Каменица. Првото новороденче ќе добие 20.000 денари, а останатите новороденчиња во 2018 година ќе добиваат еднократен паричен надомест од 10.000 денари.

Досега, Општината исплаќаше по 6.000 денари за секое новородено дете, а првото новороденче добиваше 10.000 денари. За да се подигне овој износ потребно е барем еден од родителите да биде со постојано место на живеење во Македонска Каменица (за што се приложува важечка лична карта), да се достави Извод на родените за новороденчето и трансакциона сметка на еден од родителите на која ќе биде исплатен паричниот надомест.

Според неофицијални информации на kamenica.mk, Македонска Каменица веќе го доби првото новороденче.

Leave a Reply

Your email address will not be published.