Зголемен бројот на сообраќајни несреќи во регионот

Само вчера, во регионот се случиле  три несреќи во сообраќајот. Едно лице е тешко повредено, а причинета е и огромна материјална штета.

Кочани и берово се местата на кои се случиле несреќите, во кои за среќа загубени човечки животи нема.

Во Кочани, возач на автомобил удрил во заштитна дворна ограда. Освен оштетеното возило, возачот поминал без повреди. Во истовреме, негов сограѓанин, од засега неутврдени причини во централното градско подрачје се превртел со својот мопед. Како последица од сообраќајката, повредениот 24-годишен кочанец Т.П. е хопситализиран во штипската Клиничка болница и е надвор од животна опасност.

Вчерашниот неделен ден бил баксузен и за беровчани. Се судриле автомобил и трактор. Повредени нема, но констатирана е голема материјална штета, информираат надлежните од СВР Штип. Истрагата за сообраќајките е во тек.

Најтешка несреќа во регионот е регистрирана ден претходно кога  кај штипска Лалавица, во сообраќајка едно лице загина, а четири други се поведени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *