„Збогум Градинке – Здраво Училиште“ ечеше денес во просториите на „Бамби“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.06.2018 година – Воспитниот тим при ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, на чело со ддиректорката Снежана Златановска приредија завршни приредби на дечињата од претшколска возраст. Со богата и разновидна програма под наслов „Збогум градинке – Здраво училиште“ секое од дечињата настапи пред своите родители со своја детска уметничка точка. Многу детски џагор, возбуда и солзи радосници дечињата се простија одд својата „Бамби“, ветувајќи дека ќе бидат вредни и примерни ученици во новата учебна година како првачиња. На приредбата со пригодна програма присуствуаа и голем број на родители кои уживаа во уметничките детски точки на своите дечиња. Дечињата пак, за својот труд од својата сакана „Бамби“ добија подароци и дипломи за досегашниот вложен труд, кои им беа врачени од нивните воспитувачки. Приредбите беа организирани во занималните на дечињата.
Фотогалерија од приредбата „Збогум градинке – Здраво училиште“:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *