За прв пат, „Бадникова поворка“ во Македонска Каменица

За прв пат, на 06.01.2020 година (Бадник) ќе се одржи Бадникова поворка во Македонска Каменица. Поворката ќе започне во 10.00 часот од пред црковниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и во неа ќе учествуваат дечиња од нашиот град. Тие имаат подготвена пригодна програма и пеење на традиционална коледарска песна.

Свешетенството и редица локални фирми и донатори обезебедија пригодни подароци, како за дечињата кои ќе учествуваат во поворката, така и за сите најмали кои ќе ја посетат црквата на Бадник, за време на одржување на поворката.

Ова воедно е и отворена покана, сите каменичани и нивните дечиња да бидат дел од настанот кој ќе продолжи да се организира секоја наредна година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *