За две години, гас до првите потрошувачи во Македонија

Иако со години се зборува за гасификација бројките покажуваат дека досега на одредени делници малку е постигнато. Од Неготино до Битола и од Гостивар до Тетово се завршени едвај 17 % од работите, а главниот проблем се лоцира во имотно правните односи, односно неможноста да се изврши експропријација бидејки за една парцела се појавуваат по неколку сопственици. Надлежните сепак уверуваат дека роковите ќе се испочитуваат до крај и за две години, ќе стигне гас од националниот гасовод до првите потрошувачи.

Годинава треба да се изградат 80 километри од мрежата, а за 4 месеци ќе завршат работите на гасоводот на делницата од Штип до Неготино. Интензивно се преговара и со градоначалниците на општините каде минува националната гасификациска мрежа за изградба на секундарната мрежа.

Според законот за енергетика, општините можат да ја финансираат  изградбата на мрежата на три начини со формирање на ЈП, преку јавно приватно партнерство или работите да се дадат на приватна компанија.

Во Македонија досега се гасифицирани само Струмица и Куманово, Скопје има гас со години наназад, но целосна дистрибуција на енергенсот не е направена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.