Зајакнати контроли на увоз на половни возила

Половните возила кои се увезуваат, етапно ќе поскапуваат. Со приближувањето кон Европската Унија, давачките за увоз ќе растат. Ова ќе стартува од наредната година. Почетокот ќе биде измената на сегашниот начин на пресметка на акцизата. Според директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, наместо акциза, ќе се воведе нов Закон за даночење на возилата. Танасовски тврди дека во првата фаза, данокот нема да биде поголем од сегашната акциза. Но, потоа ќе се усогласат со правилата на ЕУ. Висината на овој данок за увоз на возила ќе зависи од тоа дали автомобилот е бензинец или дизел, од емисијата на ЦO2 и од амортизараноста на возилото. Освен ова, од денеска Царината ги лови сите оние кои се обидуваат да увезат возила со вградена, а не пријавена дополнителна опрема. Ќе се проверувал бројот на шасијата.

„Со ова електронско определување на вредноста на моторното возило се овозможува транспарентност и она на што се жалеше деловната заедница – субјективизмот при определеување на цената на возилата што се царинат, така што на овој начин ќе добиеме реална цена што нема да подлежи на субјективизам”, изјави Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.

Во 2010 – та во земјава беше дозволен увозот на половни возила. Беа увезени над 200 илјади стари возила – кои сега се наведуваат како едни од најголемите загадувачи на воздухот .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *