Заради кои причини некои луѓе заболуваат од рак, а други не?

Клетки на рак под микроскоп
(Фото: Thinkstock)

Грешка во гените, неотпорност кон стрес, пушење или лоша среќа? Сепак, работите се многу подлабоки од тоа…

На светско ниво, најмногу средства кои се насочуваат кон медицинските студии, се користат за истражувања на ракот, како третата најчеста причина за смрт. Сепак, генерален е ставот дека подобро е да се умре од срцев или мозочен удар, отколку од рак.

Која е разликата? Традиционалните терапии кои се користат при ова заболување, ја продолжуваат агонијата на оваа болест во просек за две години, години исполнети со надеж и идеја дека смртта може и би требало да може да се спречи. Но, научниците, за разлика од фармацевтите, сè почесто го поставуваат прашањето наместо одговорот за оваа тема: зошто само некои луѓе заболуваат од оваа болест, а други не?
Би можело да се каже дека нашиот организам буквално е преплавен со смрт. Косата, ноктите, надворешниот слој на кожата – сето тоа се мртви работи кои секојдневно ги отфрлуваме, ги губиме и исчезнуваат.

Сепак, поголемиот дел од телото се состои од живи работи, кои функционираат и создаваат енергија која е потребна за дишење и движење, одржување на температурата на телото и размислување. Клетките на организмот се многу активни и окупирани со сопствената делба околу милион пати на ден. Тоа е фасцинантниот процес на репликација на инструкциите од  ДНК, која од секоја своја клетка – ќерка, бараат да копираат идентична верига од три милијарди нуклеотиди дневно. И во сето тоа, нашите тела сепак не се совршени. При секоја поединечна делба на клетката, ензимите кои учествуваат во синтезата, во просек прават околу 120.000 грешки.

Дали е тоа многу или малку е небитно, сè додека не се направи клучната грешка, која дејствува како каписла за создавање рак, предизвикано од абнормална поделба на клетките, кои растат со непрекинато дуплирање. Таквите клетки ги игнорираат сигналите да престанат со делба и го стимулираат телото да ги снабдува со крв за уште повеќе да растат.

Но постојат многу примери дека луѓе кои пушат, конзумираат нездрава храна и алкохол и не спортуваат не заболеле од оваа болест, за разлика од други пак, кои практукувале здрав начин на живеење, а сепак заболеле од рак. Крајната вистина, сепак е сокриена во нашите гени, а не во стилот на живот. Научниците кај долгогодишните пушачи откриле една заедничка варијација кај поедини гени, кои согласно пригодата, ги нарекле „гени на долговечноста“.

„Откривме низа на генетски маркери кои поттикнуваат долговечност, а истите можат да се најдат и кај луѓе кои доживеале длабока старост. Тие функционираат на начин што ги поттикнуваат клетките на побрзо опоравување од негативните био-хемиски влијанија“, објаснува професорот Морган Левин.

Тоа се смета за еволуциска мутација, а среќните луѓе кои ги наследиле таквите гени имаат 11% веројатност  да  заболат од рак, за разлика од останатите, кај кои веројатноста се движи од 40 до 60 проценти.

И покрај добрата или лоша генетика, сепак постојат случаи кои не се вклопуваат во тој калап, а тоа се токму оние кои се предизвикани од надворешни фактори. Генерално, постојат пет фактори кои неоспорно се предизвикувачи на мутации, а со самото тоа, и на ракот.

•    Претерано сончање, особено на помлада возраст
•    Пушење
•    Дебелина
•    Хормонални терапии/изложеност на зрачења
•    Конзумирање на преработена храна/ внесување на премалку влакна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *