Заради загадениот воздух распустот ќе почне порано?

Министерството за образование не ја исклучува можноста зимскиот распуст да започне порано поради загаденоста на воздухот, објавува Факултети.мк.

Тие додаваат дека активно ги следат состојбата и препораките на надлежните институции.

– Ако се утврди потребата, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни. Или учениците би одработувале викенди во текот на второто полугодие затоа што вкупниот фонд на наставни денови мора да биде 180 за да се реализира фондот на предвидени часови, велат од МОН.

Сепак од Министерството велат дека и покрај тоа што се свесни за овој голем проблем, нема да дадат поддршка на најавениот бојкот на наставата за в среда.

–Поддршка на иницијатива за бојкот на настава не можеме да дадеме од проста причина што тоа е на штета на наставниот процес. Сепак, Законот предвидува дека училиштето ќе мора да изнајде начини за да го реализира фондот на предвидени часови по соодветните наставни предмети, како и вкупниот број 180 наставни денa, велат од МОН за Факултети.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.