Започна функционирањето на „Училишна сообраќајна единица“ во Македонска Каменица

Денес, во Македонска Каменица, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ започна да функционира „Училишна сообраќајна единица“. Реализирана е првата од низа акции чија првенствена цел е да се подобри сообраќајната свест и да се унапреди сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во Македонска Каменица.
Учесниците во акцијата имаат советодавна улога и преку промотивни материјали се обидоа да делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Целта на овие акции е да се подигне културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси за креирање на општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *