Започна уписот на нови членови во Пингпонгарскиот клуб „САСА“

Македонска Каменица, 14.10.2019 година – Пингпонгарскиот клуб “Саса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани љубители на пинг понгот дека започнува со упис на нови членови во клубот. Продолжениот рок за упис на нови членови се должи на градежните работи за комплетно преуредување на просториите на клубот.

Членови на клубот можат да бидат сите граѓани на општина Македонска Каменица постари од 7 години. ППК “Саса” веќе е дел од Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија. Сезонава се натпреварува во Втората пингпонгарска лига на Македонија.

ППК „Саса“ од спонзорот на клубот годинава доби нова опрема за трениниг и натпреварување, како и целосно ентериерно уредени простории во старата спортска сала од СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

Уписот ќе се врши во старата спортска сала од СОУ “Миле Јаневски Џингар” со почеток од 18:00 часот, почнувајќи од понеделник, 14. октомври 2019 година. Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број +389 71 246 191, Стево Ристовски. Тренинг програмата започнува веднаш по завршувањето на уписниот рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *