Започна пријавувањето за „Шаховско првенство 2018“ во Македонска Каменица

На 13.08.2018 година, со почеток од 18:00 часот започнува „Шаховско првенство 2018“ во Македонска Каменица. Станува збор за натпреварување кое пред децении наназад традиционално секоја година се оддржуваше, со голема популарност кај љубителите на шахот и со голем број на пријавени учесници од Македонска Каменица.

Право на учество имаат сите жители на општина Македонска Каменица и вработените во Рудник Саса. Љубителите на шаховската игра можат своето учество да го пријават кај Лазо Стаменковски (078914699) и Атанас Боболински, до 06.08.2018 година.

Натпреварите ќе се играат по швајцарски систем од одиграни 11 кола, а наградите за победниците ќе бидат доделени на 28.08.2018 година на Денот на рударите и Ден на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *