Започна откупот на тутун во Делчево

Двеста денари  за килограм  тутун беше просечната цена на првиот ден од откупот на тутунот во делчевско. Производителите се задоволни од квалитетот на тутунот и од цената, но велат дека сушата им го реполовила родот годинава.

  • Годинава има квалитет, ама поради сушата помалку има тутун, кажа Ката Мулачка, тутунопроизводител од Разловци.
  • Квалитетот е добар секоја година, ама немаше врнежи, рече Роза Ковачка, од с. Разловци.

Од Здружението на тутунопроизводители немаа забелешки на првиот ден од откупот на тутунот

  • Почна откупот, се цени тутунот, засега е во ред,немаме забелешки претежно втора класа е тутунот, објасни Симо Јовановски, претставник на Здружението на тутунопроизводители.

Родот е преполовен и на 75-годишната Илинка Поповска од делчевското село Вирче која годинава сама произвела околу 400 кгр тутун. Таа сведочи дека тутунопроизводството полека изумира во нејзното село, каде некогаш тутунопроизвдтсвото била главна земјоделска гранка.

  • Сега нема ни десетина фамилии кај што работат тутун, младите не работат си земаат плата, одат по странство, вели Илинка Поповска тутунопроизводител од с. Вирче.

Годинава цената за прва класа тутун е 280 денари, втората класа е 195 , третата 145 денари. Од ПЕ на МЗШВ информираат дека годинава договори со трите фирми откупувачи во Делчевско потпишале само 50 производители што е за 16 % помалку од лани, а со тутун се засадени 11, 1 хектари од каде се очекуваат 20, 3 тони тутун, додека лани со тутун биле засадени 14, 5 хектари од каде се произвеле 26 тони тутун. Пред повеќе од 10 години само во Делчевско се произведувало 100 тони тутун.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *