Македонска Каменица, 12.06.2020 година – Денеска, ЈП Камена Река започна со обележување на пешачки шумски патеки околу Македонска Каменица.
Во моментов, работиме на поставување патокази, урбана опрема, клупи и канти за отпад со што ќе допринесеме да ја зачуваме животната средина околу самите патеки, изјави Влатко Андоновски – директор на ЈП Камена Река
Според програмата за работа на општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“, истовремено ќе биде извршено чистење на високата и бујна вегетација околу патеките со што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните при прошетките во природа.
Ќе бидат мапирани пешачките патеки до повеќе локации и тоа Калата, Репетитор, Стрелиште со што ќе се обелжат над 10 км патеки за пешачење. Со ова се надоврзуваме на паставувањето на урбана опрема околу Калиманското Езеро и на граѓаните од општина Македонска Каменица и регионот ќе им овозможиме дополнителн простор за одмор и рекреација, – додаде Влатко Андоновски во својата изјава