Започна инсталирањето на новиот штедлив „смарт“ систем на осветлување во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.07.2020 година – Започна замената на градското осветлување во општина Македонска Каменица со нови штедливи лед “смарт” светилки.

Како што стои во соопштението на официјалната страна на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова со реализацијата на овој проект,  кој се изведува според ЕСКО модел, општина Македонска Каменица значително ги намалува досегашните трошоци за електрична енергија, односно во иднина ќе се остварува дневна заштеда од 14.873,00 денари.

Предвидена е замена на сите постоечки 944 светилки. Со инсталирањето на новото модерно градско осветлување, се подобрува видливоста и безбедноста при движењето во вечерните услови на целата територија на општина Македонска Каменица, се вели во соопштението од градоначалничката Соња Стаменкова

Исто така, од страна на општина Македонска Каменица распишана е тендерска постапка за избор за најповолен понудувач кој наскоро ќе започне со целосно осветлување на градскиот кеј од Каменичка Река.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *