Започна гласањето на “Фејсбук” за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22.03.2019 година – ЈП “Камена река” од Македонска Каменица ги објави пристигнатите предлог Проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица.
Истите се објавени на фејсбук налогот на ЈП “Камена Река” како поединечни фото албуми. Гласањето ќе се одвива преку ставање на “Like” реакција на еден од албумите од авторите на идејните решенија.
Гласањето ќе трае до 26. Март, заклучно до 12:00 часот, кога ќе заседава утврдена 5 члена комисија. Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП Камена Река ќе биде земено како дополнителна сугестија, односно ќе биде вброено како 6-ти глас при одлучувањето.

Кон гласање за идејните решенија по објавениот Конкурс од ЈП Камена Река, можете да преминете на следниов линк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *