Започна асфалтирањето на повеќе пристапни патишта во руралните средини од Македонска Каменица

Продолжува асфалтирањето на локалните пристапни патишта во руралните и градската средина во општина Македонска Каменица. Вршејки увид во градежните работи, градоначалничката Соња Стаменкова информираше дека асфалтирањето се реализира во вкупна должина од 2730 метри.

-Ивршив увид во градежните работи и асфалтирањето на локалниот пристапен пат, со кој обезбедивме полесен пристап до домовите на жителите од Гагалевско маало во село Дулица. Градежните работи интензивно ќе продолжат и во наредните денови, со што ќе бидат асфалтирани повеќе локални патишта во неколку од селските средини, како и уредување на пристапни и паркинг простори во градската средина во Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Паралелно, како што додаде, се обележува трасата од локалниот пат со кој во иднина ќе бидат поврзани селата Луковица и Косевица.

-По завршувањето на мерењата и со почетокот на градежните работи на патниот правец со должина од 1960 метри директно се поврзуваат Врвачко маало и Рекарско маало. Со ова, покрај зголемената миграцијата на жителите од двете села, се обезбедуваат и подобри услови за посилен локален економски развој на овој дел од нашата Општина, додаде Стаменкова.

Градежната офанзива согласно предвидениот план за работа, како што додадоа од општината продолжува и во наредниот период

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *